| четврток, 6 декември 2018 |

Расчистено убиството во Кавадарци: Се скарале па ја усмртил со секира!

секира

Ја убил, па случајот го пријавил во полиција. Жената која вчера беше пронајдена мртва во Кавадарци е 50-годишната Снежана Т. од селото Сирково, а случајот во полиција го пријавил кавадарчанецот М.А. кој со неа живеел во вонбрачна заедница.

Според податоците на Вест, М.А. и Снежана постојано се расправале, а завчера откако тој се напил, меѓу него и Снежана настанала жестока расправија, по што тој земал секира и ја усмртил, а потоа случајот го пријавил во полиција.

Често нивната куќа била собиралиште на непознати лица што пуштале гласна музика и го нарушувале мирот на останатите соседи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top