Од нив, 412 средношколци кои имале успех од најмалку 3,5 добија стипендии во висина од 2.200 денари, додека 211 средношколци со просечен успех од најмалку 3 беа стипендирани со 1.500 денари.
Оваа учебна година беа стипендирани и 102 наставници ментори кои за својот ангажман околу овие ученици добија надоместок од 3.000 денари за девет месеци, како и 11 наставници тутори кои за својот ангажман во мај ќе добијат хонорар од 3.000 денари.
За реализација на овој проект годинава се одвоени околу 6 милиони и 300 илјади денари буџетски средства.
Според министерот за образование и наука Спиро Ристовски, со овој проект се подобрува интеграцијата на средношколците Роми во образовниот систем и преминот од една во друга учебна година.
– Најважен показател за неговата успешност е зголемениот среден успех на учениците, кој од 3,56 во учебната 2010/2011 година се зголеми на 3,83 во минатата 2012/2013 година. Оваа учебна година очекуваме уште подобри резултати – истакна Ристовски на денешната прес-конференција.
Најави дека во фаза на подготовка е нов план за следните четири учебни години со кој ќе им се даде поддршка на средношкците Роми и нивна подобра интеграција во образовниот систем.
Директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Реџеп Али Чупи оцени дека како резултат на проектот зголемен е процентот на премин на средношколците Роми од една во друга учебна година.
– Во изминатите четири години имавме 2.239 стипендисти подржани со стипендија и менторство, а од нив успешно 2.209 ја завршиле учебната година и преминале во следната. Тоа укажува на еден висок индикатор на проодност од година во година на средношколците Роми – нагласи Чупи.
Во рамки на проектот во изминатите пет години вкупно стипендирани се 2.862 средношколци Роми, ангажирани се 661 ментор и за првпат годинава 11 наставници тутори
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Роми бездомници кампуваат пред Министерство за труд, бараат од Царовска да им најде засолниште
-
Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии
-
Сојуз на Ромите: СДСМ врши притисок врз вработените Роми во институциите
-
Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 145 училишни спортски сали, доделуваше стипендии и воведе спортска пензија



