
– Тоа што се случува на истокот на Украина не е бунт со краток здив, тоа всушност е војна – изјави шефот на украинскиот антитерористички центар Василиј Крутов.
-Околу Краматорск има автоматски оган и судири…Тоа со што се соочуваме во областа Доњецк и во источните области не е само некаков бунт од краток здив, тоа всушност е војна“ – рече Крутов на прес конференција.
Не наведувајќи многу детали, Крутов изјави дека во Краматорск, јужно од Славјанск, кого го држат проруските сили, се водат жестоки борби.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Краматорск „беснеат судири и улични борби“, извести ТВ станицата „Раша тудеј“.
На истокот од Украина утринава продолжија судирите меѓу проруските и антруските група, а се зголемува и бројот на жртвите, меѓу кои има многу цивили – во Краматорск погинаа десет лица, а бројот на жртви во Одеса се зголеми на 42.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
Се запали црвениот аларм: Американскиот систем на тревога ДЕФКОН очекува можна нуклеарна војна!
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка


