Во текот на вчерашниот ден полициските службеници лишиле од слобода тројца престапници на различни локации низ државата. Станува збор за 48-годишниот Николча Д. кој се барал за издржување на затворска казна во траење од две години за сторено кривично дело „затајување“, а бил приведен од полициски службеници по судска наредба и спроведен во полициската станица во Кисела Вода.
Постапувајќи по судска наредба полицијата го уапсила 32-годишниот Идриз Е. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна од шест месеци поради „тешка кражба“. Спроведен е исто така во полициската станица во Кисела Вода, а поради сомневање дека патната исправа му била фалсификувана, полициски службеници вчера во 22 часот, е уапсен 46-годишниот М.М. кој имал намера да влезе во државава преку граничниот премин Блаце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.