| четврток, 6 декември 2018 |

Кон средината на идниот месец стартува чартер линијата Анталија – Охрид

Aerodrom Ohrid

Од годинава ќе се воспостави нов чартер лет со кој турските туристи ќе доаѓаат во Република Македонија.Новиот чартер лет, како што најавува директорот на туристичката агенција „Фибула Ер Травел“ Асим Меџедовиќ, ќе сообраќа од Анталија за Охрид, а ќе се реализира од средината на јуни до крајот на септември.

Бројот на остварени ноќевања во текот на минатата година бележи пораст во споредба со 2012 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика и на одделението за даноци во Општина Охрид.

Бројот на туристи од Турција на охридската ривиера од година во година се зголемува. Според Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој во Општина Охрид, во 2013 година во Охрид биле регистрирани 188.248 посетители кои оствариле 788 148 ноќевања, а најголем број посетители во 2013 година имало од Турција.

– Генерално, најголем број посетители во 2013 година има од Турција или околу 18.428 гости оттаму дошле во Охрид и оствариле 29.542 ноќевања или 1,6 ноќевања во просек – вели Апостолов.

Заради поголема туристичка промоција на Охрид во Турција, неодамна, турски тур-оператори го посетија Охрид и ги согледаа можностите и препораките како да го претстават Охрид на турскиот туристички пазар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top