| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен убиецот на кавадарчанката Снежана Т.

Педесет годишната Снежана Т. е жената која денес беше пронајдена мртва во објект во Кавадарци.За нејзиното убиство, триесет дневен притвор и кривична пријава за „убиство“ му се одредени на 50-годишниот М.Т., кој според неофицијалните информации живеел со починатата во вонбрачна заедница.

Мотивите и причините за убиството се уште не се познати. На телото на починатата жена беа констатирани траги на насилство, а како настапила смртта ќе биде познато по завршување на обдукцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top