Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски денеска објави дека за неколку дена ќе се одржи официјална прес конференција на Министерството за образование и наука каде што ќе бидат соопштени сите детали за спроведувањето на екстерното тестирање. Екстерното тестирање оваа година ќе се спроведе од 2 до 10 јуни и ќе бидат опфатени вкупно 183.511 ученици од 678 основни и средни училишта.
На посебна веб страница ќе бидат ставени вкупно 415.000 прашања на македонски, албански, турски и на српски јазик од 5.700 предмети.
-Битно во оваа фаза е да се истакне дека во завршна фаза се сите подготовки. Екстерното ќе се спроведе врз основа на стандардите и процедурите како што најавивме, односно како што беше спроведедно за учениците од завршните години, односно матурантите. Тоа ќе биде исто така повторно со јавен базен, сега за сите останати генерации. Сите ќе ги имаат на увид прашањата. Ќе има доволен период за коментари, доколку има извесни забелешки, изјави Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.