| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ не ја коментира одлуката на СДСМ за враќање на пратеничките мандати

Peter_Stano

Европската унија засега нема да зазема официјален став во однос на ставот на опозициската СДСМ да ги врати 34-те пратенички мандати што во неделата ги освои на предвремените парламентарни избори во Република Македонија. Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, одби да ја коментира одлуката на Централниот одбор на СДСМ, повторувајќи дека се што официјален Брисел имал да каже е соопштено во заедничкото соопштение на амбасадите на ЕУ и САД во Скопје од пред неколку дена, како и во завчерашната изјава на Филе.
– Ние коментиравме по изборите, во заедничката изјава на амбасадите на ЕУ и САД. Исто така, имавте можност да слушнете што комесарот Филе кажа пред два дена за истата ситуација. Засега, тоа е стојалиштето на кое опстојува Еворпската комисија, истакна портпаролот Стано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top