| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов го доби уверението за Претседател од ДИК

 

Новозибраниот Претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска од Државаната изборна комисија го доби уверението за нов мандат како шеф на државата.

Уверението на Иванов му го враи членот на ДИК Бедредин Ибраими.

Според конечните резултати на ДИК, на гласањето на вториот круг од претседателските избори што се одржа во неделата на 27 април, Иванов го поддржаа 534.910 избирачи, додека неговиот противкандидат од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски освои 398.077 гласови.

На вториот круг од претседателските избори гласале 967.694 избирачи односно 54,38 отсто од вкупно 1.779.572 запишани во Избирачкиот список.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top