| четврток, 6 декември 2018 |

Хашим Тачи: Парламентарните избори на Косово да се одржат на 8 јуни

hasim taci

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека во средата на состанокот на амбасадата на САД во Приштина на лидерите и на останатите политички партии им го предложил 8 јуни за одржување на парламентарните избори, јави Танјуг.

– Прво и значајно е во понеделник да гласаме за војската на Косово во Собранието. Ако го изгубиме овој момент на гласање, тогаш многу години ќе чекаме да формираме војска, бидејќи ќе имаме поинаква конфигурација на политичките сили, рече Тачи.

Тој истакна дека гласањето за оружени сили и прашањето за резервни места за малцинствата во Парламентот се одделни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top