| четврток, 6 декември 2018 |

Деца се борат во „рингот на смртта“ за да ги прехранат семејствата

deca borci

Тајландскиот бокс е име на боречка вештина во која противниците користат удари со нозе, раце, потколеници и лакти, а на Тајланд е национален спорт. Помалку е познато дека со него се занимаваат околу 30.000 деца кои влегуваат во платени борби уште од седумгодишна возраст ризикувајќи тешки повреди на мозокот и рано губење на помнењето. За време на тренинзите ги тераат да трчаат по осум километри по горештини во тренерки и ги билдаат со импровизирани тегови.

deca 2

И покрај ризикот што овој спорт го носи по здравјето на децата, како што пишува Дејли меил, тој не е нелегален за таа возраст и единствено што е потребно за да влезе во ринг е согласност од родителите. По правило младите борци треба да носат заштитна опрема но во пракса тоа ретко се случува. Во сирошаните делови на Тајланд, родителите дозволуваат децата да влезат во рингот привлечени од паричните награди што ги добиваат победниците дури и по цена на сериозни повреди на своите деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top