Пратеникот на косовското Собрание, Насер Османи е уапсен денеска на граничниот премин Врбница со Албанија. За него се водела истрага за приватизација на компанијата ФАН (Фабрика за градежна арматура) во Подуево. Денеска се враќал од Албанија за да се јави во полицијата во Косово поради сомневањата дека извршил неколку кривични дела во таа приватизација.
Ден претходно, во акција на полицијата на Косово се уапсени бившиот директор и заменикот директор на Косовската агенција за приватизација, Шкељзен Лука и Наим Авдију. Исто така, уапсени се сегашни и бивши раководители на агенцијата, Мељита Имерага, Ардијан Кељменди, Нехат Исљами, Крешник Леши и Агрон Камберај. Меѓу уапсените е и сопственикот на приватизираната компанија. Се проценува дека штетата направена со оваа приватизација изнесува неколку милиона евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одреден притвор за уште еден опозициски пратеник во Црна Гора
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба