
Ред во наплатата на побарувањата, камата за пробивање на роковите. Законот за финасиска дициплина, што е гаранција за навремено подмирување на долговите – стапува на сила.
За бизнис секторот ова е револуционерно решение кое треба да ја подобри ликвидноста на целото стопанството а во исто време и ќе биде филтер за неплаќачите.
Станува збор за европски правила на игра , според кои од денска за два, односно четири месци со претходен договор, сите долгови ќе мора да се измират, во спортивно ќе се пресметуваат камати за доцнење.
Сепак, овие европски рокови од денска важат само за приватните компании, додека за државните институции ќе стапат на сила за две години, а во мегувреме ќе имаат флексибилни рокови за подмирување на долговите.
Ослабената финансиска кондиција се смета за еден од акутните проблеми на домашното стопанство. Во обидот да се подбри ликвидноста на иницијатива на бизнис секторот, аминувана од државата, најпрвин во функција беше ставен инструментот задолжница, во кој државните институции беа исклучени со образложение дека не должат. За подоцна да се спроведе операцијата на раздолжување токму од државата кон приватниот сектор и конечно да стапи на сила Законот за финансиска дициплина.
Извор: ТВ 24 вести
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


