| четврток, 6 декември 2018 |

Побрзајте да ги намирите долговите, УЈП почнува со присилна наплата

ujp2

Управата за јавни приходи во обид да наплати повеќе од 450.000 евра заостанати долгови за радиодифузна такса, изготви илјадници решенија за присилна наплата. УЈП на 47.996 граѓани веќе им доставила решенија за присилна наплата за неплатени сметки за радиодифузна такса. Оттаму информираат дека станува збор за граѓани кои имаат долгови поголеми од 571 денари.

Од Управата за јавни приходи информираат дека за правните субјекти се во тек проверки и утврдувања кои од обврзниците веќе пристапиле кон подмирување на своите обврски за радидифузна такса, откако ги примиле решенијата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top