Во организација на музичкиот фестивал „Тралала“ од Битола, во периодот од 23 до 28 април, младата и извонредно талентирана битолчанка Ана Гаштарова учествуваше на фестивалот „Еуро старс “на Малта, како единствен претставник од Македонија.

Во многу тешка конкуренција на пејачи од цела Европа, Гаштарова го освои второто место, изведувајќи ги песните „Fallin“ и „Hay amores“. За нејзините изведби таа доби овации, а беше поканета да учествува на други три реномирани фестивали во текот на оваа и следната година во(Словенија, Бугарија и во Полска.
Директорот на фестивалот „Тралала“,Тони Алексовски по успешниот настап на Ана веќе доби пријави од повеќе земји како Литванија, Романија, Малта, Полска, Словенија, Португалија, Бугарија, Хрватска, Шведска за учество на овогодинешниот фестивал во август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


