| четврток, 6 декември 2018 |

Разбојник ограбил и заклучил баба во бања

krazba vizbegovo

Дрзок разбојник упаднал во домот на 79-годишна скопјанка, а откако таа се побунила ја заклучил во бањата.

Полицијата извести дека, вчера во времето од 11 до 12 часот, во Скопје  на улица Лука Геров, маскирано лице преку незаклучена влезна врата влегло во куќата на Д.Н.(79) и од ѕидовите почнал да ги симнува уметничките слики, а откако бил забележан од неа, почнал да и се заканува барајќи и пари, по што одзел рачен часовник, златен прстен и 500 денари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 150.000 денари.

На излегување ја заклучил Д.Н. во бањата и си заминал. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top