| четврток, 6 декември 2018 |

Познати термините за полуфиналните дуели во Келн

На ракометниот „Фајнл фор“ трунир од Лигата на шампионите во Келн први својот натпревар ќе го одиграат екипите на Веспрем (Унгарија) и на Кил (Германија).

Почетокот на овој натпревар е во 15:15 часот.

Во второто полуфинале шпанскиот шампион Барселона за кој настапува Кирил Лазаров ќе се сретне со Фленсбург. Почетокот на овој дуел е во 18 часот.

Двата натпревара се играат на 31 мај.

Утредента на 1 јуни од 15:15 часот се игра натпреварот за 3.место, додека новиот европски шампион ќе го дознаеме по финалниот натпревар закажан за 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top