Џ.И.(20) од Тетово синоќа и нанел убодна рана со нож во десната натколеница на својата мајка С.И.(54) по вербална расправија откако таа одбила да му даде пари.
Случајот како семејно насилство бил пријавен десеттина минути по полноќ по што полицијата го привела насилникот информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци Џ.И. подолго време психички и физички ги малтретирал своите родители, а од претходно и е познат на полицијата како сторител на разни дела.
– По обавениот разговор со Џ.И. полицијата работи на целосно расчистување на случајот по што против него ќе има соодветен поднесок – рече Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?