Четириест и осумгодишен жител на гостиварско Дебреше се затрул со непозната хемикалија, најверојатно пестицид и се наоѓа во критична состојба.
Според информациите на СВР Тетово, С.И. синоќа бил примен во гостиварската болница, во неконтактабилна и коматозна состојба. По пружената помош како итен случај некаде околу 22 часот е префрлен на скопските клиники.
Засега не е познато како дошло до труењето, дали станува збор за несреќен случај или за намерно посегнување по живот.
Минатата година на поширокото гостиварско подрачје имаше 15 случаи на намерно труење со хемиски средства, а од почетокот на годинава 6 случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.