| четврток, 6 декември 2018 |

Поради кризата француските пици сè помали

Сметките во пицериите во Франција се намалени за една година во просек за три отсто, а пицата изгубила еден сантиметар во дијаметар, покажало едно истражување кое било спрoведено во 113 пицерии

pizza gs
Во истражувањето кое минатиот месец било извршено од маркетинг агенцијата ЦД, се наведува дека дијаметарот на пицата за една година од 32 се намалила на 31,3 сантиметри.На прв поглед ова не е многу, но треба да се има предвид дека на овој начин пицата изгубила од својата површина дури 4,3 отсто, што е на штета на потрошувачите, нагласуваат од агенцијата.Во исто време смалување на просечниот износ на сметките за три отсто од 13,4 на 12,9 евра. Но и покрај смалената пица таа останува омилен специјалитет кај Французите. Секој Французин јаде околу 20 пици годишно, што оваа земја ја става на второ место по САД. На трето место  е Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top