| четврток, 6 декември 2018 |

По еден гол во двете мрежи, Атлетико Мадрид е поблиску од Челси до Лисабон

По еден гол во двете мрежи, поточно резултат 1-1 е важечки по првите 45 минути на реванш полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Челси и Атлетико Мадрид. Со овој резултат, Мадрид е поблиску до Лисабон, отколку Лондон, бидејќи на првиот меч Атлетико и Челси одиграа без голови.

Фернандо Торес го постигна првиот гол на реваншот, а напаѓачот на тимот од Лондон не му се израдува на водството на Челси, од почит кон својот поранешен клуб. Атлетико израмни во финишот со голот на Адријан Лопес.

Во финалето веќе се пласираше Реал Мадрид, а кој ќе му биде противник ќе одлучат последните 45 минути од двомечот во Лондон. Финалето ќе се игра во Лисабон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top