| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен аеродромот во Катар вреден 15,5 милијарди долари (фотогалерија)

140430129.2_xl

Денеска во Катар е свечено отворен меѓунаордниот аеродром во Доха кој чини 15,5 милијарди долари.

Отворањето на аеродромот „Хамад интернешанал“ кој името го доби по катарскиот емир неколкупати беше пролонгирано, но денеска ги дочека првите патници кои долетеа од Дубаи.

Новиот аеродром во главниот град на Катар треба да биде нов центар на авионскиот сообраќај во овој дел на светот. Годишно треба да има 30 милиони патници, а во следната фаза тој број треба да порасне на 50 милиони.

Аеродромот ХИА има 138 шалтери за пријавување, 50 шалтери за пасошка контрола, 41 гејтови, 80 продавници и 30 кафулиња и ресторани од кои поголемиот број уште не се отворени.

Дури 60 отсто од 2.200 хектари на колку што се простира овој аеродром е изградено со насипање на земја во море. На ХИА има и хотелски капацитети и кралевски терминал за ВИП-летови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top