Вкупно 16 лица се повредени во судир на два трамваја во Брисел.
Според податоци на спасувачките служби, судирот бил страничен и доста силен, а возилата имаат сериозни оштетувања. Трамваите се движеле во тунел, каде се испреплетуваат различните коловози, во реонот на најголемата железничка станица во градот. Катастрофата предизвикала проблеми во движењето на неколку трамвајски линии, а за патниците се обезбедени дополнителни возови, што ги поврзуваат трите главни станици во Брисел.
Засега не се посочуваат причините за судирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.