
Осуманесетгодишната Елена Трајановска во изминатиов период е едно од најбараните лица во светските модни центри Париз и Милано.

Со нејзината несекојдневна убавина за само неколку месеци успеа да работи со голем број на врвни дизајнерски имиња и брендови, а побарувањата токму за нејзиниот лик успешно ја носи до самиот врв на светската модна сцена.

Помеѓу многуте ангажмани кои ги имаше се: лукбук за „Максмара“, „Марни“, „Масимо Дути“, „Александер МекКвин“, очила за „Марк Џејкобс“, а според мерките на нашиот топ модел Трајановска е изработена новата колекција Версаче во присуство на славната дизајнерка Донатела Версаче. Нејзината волшебна убавина достојно чекореше и на ревии за познатиот бренд „Chloe“.

– Премногу сме задоволни и посебно горди со успехот и кариерата на нашата Елена. Во следниов период ја чекаме да се врати бидејќи мора да се подготви за завршувањето на учебната година во Петта Приватна Гимназија,изјави Алек Наумовски менаџерот од нејзината матична агенција „Моделс Ин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


