Вкупно 14 неонатални кардиохирургишки интервенции се направени на Детска хирургија во Скопје, од страна на неонатални кардиохирурзи од САД, кои шести пат се во Македонија. Тие наскоро треба да извршат уште една хируршка интервенција на Клиниката во Скопје.
Десет од овие интервенции се операции на отворено срце, четири интервенции биле изведени како интервентна кардиологија, како и една комбинација од интервентна карддиологија и операција на отворено срце, соопшти министерот за здраство, Никола Тодоров.
Со овие интеревенции, освен што се спасуваат многу детски животи, се врши и обука на македонските лекари и останат медицински персонал, кои по завршувањето на проектот ќе работат самостојно и ќе изведуваат неонатални кардиохируршки интеревнции, посочи Тодоров.
Тој нагласи дека за разлика од претходниот пат кога овие интервенции се работеле заедно со доктори од Клиниката за кардиологија, овој пат во интервенциите биле вклучени докторите од Детската клиника.
Интервенциите поминале успешно и децата се во одлична состојба, освен едно новороденче кое било родено без крвни садови и не успеало да преживее.
Тој доаде дека уште 18 неонатални кардиохирургишки интервенции се закажани за јунската сесија.
Ресорниот министер нагласи дека годинава, наместо четири, се направени пет сесии на посети на специјалисти од САД, со што сѐ помал број деца ќе треба да патуваат во странство, истакнувајќи дека благодарение на проектот годишно по едно или максимум две деца се приморани да заминат на лекување во странство.
Тодоров очекува од оваа година да почанат да доаѓаат и деца од странство во Македонија, за извршување на оваа хируршка интервенција, пред сѐ од соседните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.