
Извршниот одбор на СДСМ ќе му препорачана на Централниот одбор на СДСМ да донесе одлука за неприфаќање на пратеничките мандати кои кандидатите за пратеници ги освоија на овие предврмени парламентарни избори, пишува порталот „Бриф“.
Одлуката е донесена вчера едногласно, а денеска треба да разгледа и Централниот одбор. Вечерва ќе се договараат и наредните чекори. СДСМ и коалициските партнери освои 34 пратенички мандати.
Како што соопштуваат од опозицијата, тие нема да поднесуваат приговори бидејќи не го признаваат изборниот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


