| четврток, 6 декември 2018 |

Флојд Мејведер и Меџик Џонсон сакаат да го купат Лос Анџелес клиперс

Неприкосновениот боксерски шампион Флојд Мејведер и кошаркарската икона Меџик Џонсон истакнаа кандидатура за купување на НБА тимот Лос Анџелес клиперс, по доживотната суспензија што ја заработи сегашниот сопственик. Доналд Стерлинг.

Стерлинг ја заврши одисејата со Клиперс поради расистичките коментари за малцинствата во САД, особено наменети за луѓето со црна боја на кожата.

Мејведер веднаш истакна кандидатура за да го купи клубот, а намерата му е да влезе во заедничка авантура со дел од своите пријатели. Боксерот што го покори светот и владее долго, само за една борба заработува над 30 милиони долари и изјави дека сигурно ќе најде пари за да ги купи Клиперс. Тимот според „Форбс“ е проценет на 575 милиони долари, што не би биле проблем ниту за Меџик Џонсон.

Легендата на светската кошарка, долги години играше за лутиот ривал на Клиперс, за тимот на Лос Анџелес лејкерс, но вели дека е подготвен да се врати во НБА во поинаква улога како сопственик на вториот тим од „градот на ангелите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top