| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Челси – Атлетико, кој ќе биде вториот финалист во Лисабон?

Откако синоќа Реал Мадрид го демолираше Баерн во Минхен и така стана прв финалист во Лигата на шампиони, вечерва на програмата е вториот полуфинален меч помеѓу Челси и Атлетико Мадрид кој ќе се одигра во Лондон, по што ќе знаеме кој уште ќе се појави во Лисабон на 24. мај.

По првиот меч одигран во Мадрид, тренерот на Челси Жозе Мурињ претрпе критики поради дефанзивната тактика, но оние кои застанаа во негова одбрана велат дека целта ги оправдува средствата и дека Португалецот во повеќе случаи тоа го докажал.

Мурињо за вечерашниот дуел нема да може да смета на суспендираните Лампард и Микел, повредениот голман Чех, а како ни на Матиќ и Салах. Капитенот Тери е под знак прашалник, но во тимот се враќаат Еден Азар и Самуел Ето.

Од другата страна пак Симеоне нема да го има на располагање капитенот Габи. Сепак тимот од Мадрид во овој натпревар ќе влезе со голема самодоверба, откако минатиот викенд на гости ја победи Валенсија.

– Имаме голем респект кон овој противник. Ќе играме против екипа која знае како да го искористи просторот, екипа која има многу одлични индивидуалци, кој брзо размислуваат. Челзи е добар во дефанзивата и е многу опасен од прекините, тука ќе мора да бидеме многу внимателни – рекол Симеоне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top