| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува „Недела на ресторани“ во Скопје

Педесет различни ресторани од Скопје ќе учествуваат на овогодинешната  „Недела на ресторани“ . На овој настан граѓаните и посетителите на Скопје ќе можат да уживаат во најдобрите специјалитети приготвени од локални гостилници па сè до врвни ресторани.

Настанот има нетипичен концепт – ќе се одржува не само едно место, туку во десетици ресторани од главниот град, кои ќе нудат менија по претходно утврдени цена од 333 денари. Неделата на ресторани ќе трае  од  6 до 12 мај. Целта е со атрактивните цени да се привлечат што поголем број на посетители и да се демонстрира автентичноста на секој ресторан и стилот на готвење.

Идејата е настанот, чиј концепт потекнува од светските метрополи да прерасне во традиција и да ја подигне гастрономската културата во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top