
До Државната изборна комисија (ДИК) пристигнале 12 приговори за постапката на гласање на двојните избори во неделата.
Приговори за гласањето до ДИК доставиле ДУИ, ГРОМ и ДПА. ДУИ поднела два приговори, ГРОМ четири, а ДПА шест приговори, соопшти за МИА портпаролот на ДИК Билјана Јовановска. СДСМ нема поднесено ниту една поплака до Државната изборна комисија.
Се очекува членовите на ДИК во текот на денот да одлучуваат по овие приговори.
За одлуките на ДИК партиите можат да поднесат тужба до Управниот суд, кој за нив треба да се произнесе во рок од 48 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот


