| четврток, 6 декември 2018 |

Кери: Русија се обидува да ја промени безбедносната архитектура во Источна Европа

Американскиот државен секретар Џон Кери ја обвини Русија дека се обидува да ја промени безбедносната архитектура во Источна Европа, дестабилизирајќи ја Украина, пренесоа француските медиуми.

Во говорот за време на конференцијата на Атлантскиот совет за прашањата на трансатлантските врски, американскиот секретар предупреди дека територијата на НАТО не може да биде нарушена и дека САД ќе ги заштитат сите нејзини составни делови.

– Нашите европски сојузници повеќе од 20 години работат со нас на интегрирањето на Русија во евроатлантската заеедница, изјави Кери. „Дејствијата на Русија во Украина, меѓутоа, ни покажуваат дека Русија на Путин игра според други правила“, дополни тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top