Американскиот оскаровец Џорџ Клуни се повлече од должноста „гласник на мирот“ на ОН, соопшти Светската организација наведувајќи дека причина за ваквата одлука е тоа што актерот „немал доволно време за мировните напори“.
– По шест години во оваа улога, Клуни почуствува дека е време да оди во пензија што се однесува до должноста „гласник на мирот“, изјави потпаролот на ОН, Степан Дујарич, заблагодарувајќи му се притоа на Клуни и неговиот адвокат Амал Аламудин на ангажманот на подрачјето на човековите права.
– Противречните ставови и ограниченото слободно време поради професионалните обврски, понекогаш им отежнуваат на истакнатите поединци да извршуваат формална должност во ОН, нагалси тој, додавајќи дека генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изразил надеж оти во иднина ќе има нови можности за соработка меѓу Клуни и Светската организација.
Како „гласник на мирот“ Клуни патуваше во мировни мисии во Демократска Република Конго и во Јужен Судан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


