Во Министерството за надворешни работи денеска традиционално се одбележа 29 април, денот на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
По овој повод, заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Петров, се обрати пред вработените од министерството осврнувајќи се на историјатот и значењето на овааинституција во презентирањето на ставовите и интересите на Република Македонија во светот.
Тој презентираше дел од активностите реализирани во изминатата година кои се доказ за континуираното генерирање на одржливи и стабилни институционални релации на билатерален и мултилатерален план. Ги спомна новите иницијативи и заложби на македонската дипломатија, за активно учество на светската геополитичка сцена, напорите за ефективна економска дипломатија, создавање на паметни политики и решенија за образовање на помладиот кадар во министерството и други иницијативи. Заменик- министерот Петров ги посочи и актуелните предизвици со кои се соочува Република
Македонија.
Во рамки на свеченоста, заменик министерот Петров им врачи благодарници на вработените кои заминаа во пензија минатата година, а беше доделено и традиционалното признание за најуспешен „Млад дипломат на годината“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


