Министерството за надворешни работи на Албанија синоќа одржало вонредна седница по изјавите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за причините за недавање на мандатот на Зоран Заев за состав на влада со албанските политички партии, јави „Макфакс“.
Албанските медиуми, кои се повикуваат на извори блиски на албанското МНР, информираат дека на средбата се договорени наредните чекори кои ќе ги преземе официјална Тирана за најновите состојби во Македонија. Исто така, изворите наведуваат дека веќе имало и одредени контакти со меѓународниот фактор, а се очекува и официјална реакција на албанското МНР.
Албанските медиуми јавиле дека Иванов ги дискриминирал Албанците во Македонија со своите ставови околу платформата. Албанскиот печат најновите состојби во Македонија ги пренесува на насловните страници, додека, пак, електронските медиуми информациите за настанатата состојба во Македонија ја емитуваат во своите ударни термини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија