| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатен паркинг за новинари во Центар

parkinzi
Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, Даниела Рангелова, денеска побара новинарите бесплатно да ги паркираат своите возила на ниво на општина Центар.
Имено, се гласаше за предлог-одлука за давање согласност на одлука за воведување и утврдување на новинарска мобилна паркинг карта, донесена од Управниот одбор на јавното претпријатие „Паркинзи – Центар“.

Рангелова побара наместо како што беше утврдено да се плаќаат 350 денари за таквата карта, новинарите да паркираат бесплатно.

– Предложуваме новинарите да бидат ослободени и од предвидената еднократна цена за новинарска мобилна карта. Тие по два до три часа дневно минуваат низ Центар и затоа треба да не плаќаат за паркирање. Треба да има надополнување на ценовникот кој ние го гласаме и одобруваме и таму да стои дека цена на новинарска паркинг карта е 0 денари – рече Рангелова.

Оваа бесплатна карта ќе важи за новинарите од сите медиумски куќи, членови на здружение или синдикат.

Предлогот беше едногласно прифатен од советниците од општина Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top