Скопскиот театар за деца и младинци вечерва во Струмица ќе ја изведе претставата „Убавицата и ѕверот“ во чест на нивниот поранешен колега Игор Маџиров, кој пред 13 години трагично го загуби животот.
Ова е 300-та изведба на „Убавицата и ѕверот“. Струмица беше родниот град на Маџиров.
„Ова е значаен датум и во нашата историја и во историјата на македонскиот театар севкупно бидејќи со 300-тата изведба на првата детска театарска претстава нашиот театар им се придружува на останатите македонски театри, кои во минатото на својот репертоар имале претстава која била одиграна најмалку 300 пати“, информира Театарот за деца и младинци од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.