| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Канзас Сити: 14 повредени во експлозија на гас во ресторан

Најмалку 14 луѓе се повредени во пожар кој избил по експлозија на гас во ресторан во Канзас Сити, јавуваат американските медиуми.

Двајца од повредените се во критична состојба, а еден од нив имал сериозни изгореници. Се уште нема информации за евентуални жртви. Во пожарот целосно е уништен ресторанот, но и неколку други деловни објекти. Управителот на ресторанот рекол дека недостасуваат тројца луѓе за кој не се знае дали си заминале пред инцидентот. Во потрагата по евентуални жртви се вклучени и кучиња трагачи.

За сега не е позната причината за несреќата. Очевидец тврдел дека во ресторанот видел работници кои имале детектори за гас. Пожарникарите со крајни сили успеале да спречат огнот да не го зафати целиот кварт.

<iframe width=”520″ height=”293″ src=”http://www.youtube.com/embed/sBgyZ5zO8zc” frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top