| четврток, 6 декември 2018 |

Видео од моментот кога капетанот на траектот во Ј. Кореа кукавички се спасува

kapetan_659588S1

– Кукавица! – ова е насловот под кој најтиражниот јужнокорејски дневен весник „Кореја тајмс“ објави снимка од тамошната крајбрежна стража на која се гледа како капетанот го напушта траектот кој поради необјаснети причини потона во морето. На траектот се возеа неколку стотици луѓе, главно тинејџери, кои го загубија животот поради одлуката на капетанот евакуацијата да се одложи, иако бродот се наведнал за 45 степени. Според последните информации, загинаа 188 патника, 114 се водат за исчезнати, а 174 успеале да се спасат. Меѓу спасените е речиси целиот екипаж, која кратко по несреќата, заедно со капетанот, заврши зад решетки.

На снимката се гледа како капетанот излегува од навалениот број и се качува во чамец за спасување, додека младите луѓе викаат барајќи некој да ги спаси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top