| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО: Нема знаци за повлекување на руските војници од границата со Украина

Ukraina April 29НАТО не забележува знаци за повлекување на руските воени единици од нивните позиции во близина на границата со Украина.

Коментарот е по повод уверувањето на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, дадено во телефонски разговор во понеделникот со неговиот американски колега Чак Хејгел.

Според Шојгу, руските војници, кои според официјални информации учествуваат во вежбите крај границата со Украина, се вратиле на вообичаените позиции.

– Во моментот немаме информација која ќе покаже повлекување на руската војска од украинската граница. Продолжуваме да ја повикуваме Русија да го примени договорот од Женева и да ги повлече сите единици од украинската граница во полза на дипломатијата и дијалогот – изјави претставник на НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top