| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона – Фленсбург и Кил – Веспрем се полуфиналните двојки во Келн

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров со својот тим Барселона ќе игра против Фленсбург во полуфиналето на Лигата на шампионите. На завршниот турнир во Келн, кој се игра на почетокот на јуни, Лазаров ќе се обиде да им се одмазди на Германците за елиминацијата на Вардар во четвт-финалето.
Ова ќе му биде петто учество во полуфиналето и трето полуфинале во завршниот турнир. Лазаров оваа година со Барселона ќе се обиде да го освои пехарот, кој му недостига во неговата богата кариера.
Второто полуфинале е меѓи Кил и Веспрем, кој успеа да го елиминира најскапиот состав во ракометна Европа – тимот на ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top