| четврток, 6 декември 2018 |

Одржано петтото извлекување на „Фискална во рака-награда без мака“

Македонската радио телевизија,  се одржа 5тото извлекување на наградната игра Фискална во рака –награда без мака.

Во ова 5то коло беа извлечени добитниците на еден автомобил Пежо 208, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

Официјалните резултути од извлекувањето, комплетниот список на добитници ќе биде објавен во дневниот весник Вечер во изданието од среда 30.04.14 кое е празничен троброј, потоа на страната www.tvkoha.tv , како и на официјалната страна на Државна лотарија на Mакедонија  www.loto.mk.

Во извлекувањето за ова 5то по ред коло, учествуваа сите испратени коверти со сметки кои се валидни од најран датум 15.11. 2013та година. Неизвлечените коверти од ова коло како и од второто, третото,четвртото, а понатаму и од  шестото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра и ќе учествуваат во 7мото коло за извлекување на стан и деловен простор.

Само за потсетување, за учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15.11. 2013та, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот кој независно дали ќе се остави во кутија на некој пунктовите, или ќе се прати по пошта мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра: Државна лотарија на Македонија Бул. „Гоце Делчев” Бр. 8 1000 СКОПЈЕ За наградна игра „ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top