Тијана, Тамара, Пере, Димитар, Дарко и останатиот дел на македонската евровизиска делегација веќе се во Копенхаген, Данска.
А, таму беа пречекани како што секој Македонец би сакал да биде, со натписот – Македонија – и без никакви претставки.
– Горда Македонка – напиша Тамара на фотографијата која ја сподели на „Инстаграм“.
„To the sky“ ќе ечи на евровизиската сцена на 8 мај во второто полуфинале и надежно во финалето, два дена подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.