| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус на чекор до одбрана на титулата

Јувентус вчера на гостински терен го совлада Сасуоло со 3-1 и дојде на чекор до одбрана на титулата во италијанската Серија А.

На тимот од Торино сега му е потребна само уште една победа во наредните три кола или бод во дуелот со Рома за повторно да стане шампион на Италија.

По девет минути игра, Сасуоло дојде до водство со голот на Симоне Зазе, но во 35. минута преку нивниот најдобар стрелец Карлос Тевез дојде до израмнување, а со тој резултат заминаа на паузата.

Јуве во вториот дел покажа дека сака да дојде до брз погодок и да не ѝ дозволи на Рома да им го расипат славењето за новата титула.

Во 58. минута „старата дама“ успеа да дојде до пресврт преку Клаудио Маркизио, кој ја затресе мрежата по асистенција на Андреа Пирло. Победата за екипата од Торино ја потврди Фернандо Љоренте со гол во 76. минута од натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top