| четврток, 6 декември 2018 |

Искусен пилот тврди: Исчезнатиот „боинг 777“ лежи на морското дно во еден дел

avion boing777

Искусниот пилот Мајкл Хоебел тврди дека го пронашол малезискиот авион што мистериозни исчезна на 8 март со 239 патници и членови на екипажот.

Шеесетгодишниот њујоркчанец за локалната телеивизија WIVB вели дека трагајќи преку веб-страницата „Томнод“, која неодамна отвори посебен сервис за трагање по исчезнатиот „боинг 777“, го нашол авионот во еден дел на дното од морето во близина на североисточниот малезиски брег западно од Тајланд. Хоебел тврди дека биле идентични димензиите на авионот од спецификацијата на моделот со утврдените од објектот во морето.

– Не можев да се соземам, едноставно не верував дека ќе наидам на вакво нешто – рекол Хоебел.

pilot boing

На прашањето на новинарот дали може да станува збор за ајкула, пилотот вели дека тогаш тоа би била ајкула од 64 метри.

Хоебел вели дека за сето ова се обидел да го извести и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот и агенцијата што ја врши истрагата за несреќата, но до сега никој не му одговорил. Не наишол на интерес и кога се обидел да контактира со ФБИ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top