
Два пронајдени предмета во јужниот дел од Индиски Океан може да бидат делови од малезискиот авион исчезнат пред 12 дена, изјави во четвртокот малезискиот министер за сообраќај. Претходно Австралија испратила известување до малезиските власти дека биле забележани предмети.
– Можеме да потврдиме дека имаме нова трага – изјавил министерот пред новинарите во Куала Лумпур.
Претседателот на австралиската влада Тони Абот изјави дека на сателитски слики се пронајдени два предмета што би можеле да бидат поврзани со авионот на „Малезија ерлајнс“, кој исчезна на 8 март. Абот веднаш го известил малезискиот колега Наџиба Разак.
– Се појави нова и веродостојна информација поврзана со потрагата. Во јужниот дел на Индиски Океан. Австралиската управа за поморска безбедност добила информација врз основа на сателитски снимки, кои би можеле да бидат поврзани со потрага – изјави Абот пред австралискиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


