Утре од 8:30 без вода за пиење ќе останат гимназијата „Јосип Броз Тито“, театарот и станбената зграда до него на булеварот „Мито Хаџивасилев Јасмин“ бр.52, поради дефект на огрлица со пречник од 80 милиметри .
Во периодот од 8:30 до завршувањето на работите поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Кукушка“ и „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ без вода ќе бидат и корисниците од улиците: „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, „Кукушка“, „Димитрие Туцовиќ“, „Аминта Трети“, „Пајак“ и „Крсто Баиќ“ во општина Центар.
Поради реконструкција на водоводна мрежа на булеварот „Србија“ во близина на бензинската пумпа на „Макоил“ од 8:30 часот па се до санирање на дефектот без вода за пиење ќе бидат корисниците од булевар „АСНОМ“ во општина Аеродром
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


