Дваесетгодишната Р.Д. од тетовско Јажинце која се здоби со две влезни рани во пределот на плешката откако врз неа со огнено оружје, пиштол, пукал нејзиниот љубовник С.Х. (26) од Џепчиште, им подлегна на повредите.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, инцидентот се случил нешто пред 16 часот на паркигнот пред маркетот Веро во Тетово, а С.Х. бил фатен во Скопје каде што се обидел да изврши самоубиство. Неофицијално кај него нашле проштално писмо.
Повредената девојка била префрлена во Клинчката болница во Тетово од каде веднаш била препратена на скопските клиники, каде по неколку часа им подлегна на повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


