| четврток, 6 декември 2018 |

Потврдена пресудата за Јанез Јанша

janez-jansa-1328585176-96373Вишиот суд во Љубљана ја потврди првостепената пресуда на опозицискиот лидер и некогашен премиер Јанез Јанша, кој е осуден на две години затвор во корупциската афера „Патриа“.

Казните се потврдени и за поранешниот бригадир на словенечката војска Антон Кркович и директорот на фирмата „Ротис“ Иван Чрнкович, кои се осудени на по 22 месеци затвор и парична казна.

Според правосилната пресуда, Јанша во 2006 година, кога беше премиер, од посредници на „Патриа“ прифати ветување за парична награда ако финската фирма ја снабди словенечката војска со оклопни возила, договор вреден 278 милиони евра. Јанша за време на судењето ги негираше наводите на Обвинителството тврдејќи дека обвинението е политичка конструкција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top