Словенечката муслиманка Фаила Пашиќ-Бишиќ може да стане првата пратеничка со шамија во Европскиот Парламент, соопшти хрватскиот весник „Вечерњи лист“.
Фаила во Словенија е позната како активен борец за еднаквост, толеранција и мирно заедничко суштествување меѓу различните религии и народи.
Досега таа учествувала во многубројни хуманитарни акции во Словенија, Босна и Херцеговина и Косово.
Пашиќ-Бишиќ се кандидирала за европските избори на инсистирање на Јелко Кацин, известувачот на Европскиот Парламент за југоисточна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


