| четврток, 6 декември 2018 |

„Вашингтон Пост“: Македонските конзервативци освоија двојна победа на изборите

washington-post-building-flickr-mv_jantzen1Премиерот Никола Груевски, претседател на партијата од десниот центар, ги освои четвртите по ред избори во Македонија, пишува Вашингтон Пост.

Со преброени 99.9% од гласовите, конзервативната ВМРО-ДПМНЕ освои 42%, односно 61 пратеник, само за еден пратеник помалку од потребното мнозинство во Парламентот со 123 пратеници.

Опозиционата коалиција освоила 24.9%, односно 34 пратеници, според пресметките на Државната изборна комисија. Излезноста на изборите била 64%.

На претседателските избори, конзеравтивецот Ѓорге Иванов го освои вториот пет годишен претседателски мандат, победувајќи го кандидатот на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија, Стево Пендаровски.

-Македонија имаше мирни, фер и демократски избори. Македонија е најголемиот победник. Треба сите да сме горди, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top